Фудбал
8. January 2016 - 10:09

Уругвај и Аргентина кандидати за СП во 2030

Уругвај и Аргентина ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на СП во 2030 година. Тоа е година кога ќе се слават 100 години од организацијата на првиот Мундијал кој се одржа во Уругвај.
Новиот претседател на Аргентина Макри го посети Уругвај за да ги поправи односите кои беа заладени за време на неговата претходничка Кирхнер. 
Последен пат СП се одржа во Бразил а од Ј. Америка домаќини биле уште и Аргентина, Уругвај , Чиле и претходно уште еднаш Бразил.