Свет
30. October 2016 - 9:47

Урнати згради по земјотресот во централна Италија

Италијанската служба за цивилна заштита соопшти дека на повеќе локации во централна Италија се урнати згради од земјотресот со интензитет од 6,6 по Рихтер што го потресе утрово тој дел од државата.

Засега нема официјални информации за жртви.

Телевизијата РАИ објави дека потресот бил толку силен што бил почувствуван во Рим. Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, Словенија и БиХ.