Македонија
22. September 2017 - 11:49

Уредување на локалитетот Смрдлива вода

Во туристичкиот локалитет Смрдлива вода на планината Кожуф, оддалечено дваесетина километри од Гевгелија, привршува уредувањето на центарот кое се изведува во рамки на проект што преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион се реализира со средства од Агенцијата за финансика подршка во земјоделството и руралниот развој.

- Во центарот на Смрдлива вода веќе се завршени најголемиот дел од активностите, односно изграден е амфитеатарот, уредени се патеки и летниковци. Моментно се монтираат клупи и корпи за отпадоци по што Смрдлива вода ќе добие помодерен урбан лик кој ќе биде магнет за привлекување повеќе туристи и планинари, велат од Секторот за урбанизам на општина Гевгелија.

Покрај ова изградена е улицата од центарот до одморалиштето, кое е сопственост на општина Гевгелија, а во тек е бетонирање на уште една патека. За уредувањето на центарот на Смрдлива вода беа обезбедени околу 6,4 милиони денари од кои околу 5 милиони од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и 1,4 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија.