Македонија
4. December 2016 - 16:23

Уреднички коментар: Која е цената на двојазичноста?!

Двојазичноист е проблем кој ќе го урне македонскиот карактер на македонската држава, ќе воведе амбиент и правила слични на Косово пред осамостојувањето, што е доволна причина Македонците да се загрижат, и да ја земат својата судбина во свои раце.

Со двојазичноста, секоја јавна институција мора да има вработени кои течно говорат албански јазик. Во спротивно, вработените ќе се соочат со отказ или прекршочни пријави и судски казни. Тоа е само едната димензија на двојазичноста.

Претходите денови објавивме податоци и анализи како двојазичноста, како законска обврска, ќе се одрази во полицијата, војската, образованието и здравството. Анализите покажаа трошок од над 50 милиони евра во јавниот сектор, и отказ за најмалку 30.000 сега вработени во тој јавен сектор кои од разни причини нема да успеат да го говорат албанскиот јазик за да ја задоволат законската обврска за двојазичност.

Исто толку Албанци кои треба да ги пополнат испразнетите работни места со лица кои зборуваат албански, плус нивните членови на фамилиите, ќе се доселуваат од северозападниот дел на Македонија во Берово, Кочани, Штип, Радовиш, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Битола, Велес или Охрид... како и скопските општини Кисела вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров или Карпош.

Доселувањето на околу 70.000 Албанци во овие градови и општини ќе ја смени нивната етничка карта, ќе ја смени културата, традициите и етничките и националани белези. Ваквите промени секако ќе предизвикаат ризик и тензии но, ако се донесе закон за двојазичност и кантонизација, тој закон ќе мора и да се извршува.

Во Македонија над 100.000 лица се вработени во јавниот сектор, во кој делумно спаѓаат и приватни компании како аптеките или приватните училишта и факултети. Двојазичноста како законска обврска во јавниот сектор подразбира темелни промени на кадарот кој е вработен, печатење нова документација, обрасци, упастства, формулари, информативни табли и слично на албански и македонски јазик. Секој шалтерски службеник, полицаец, пожарникар, наставник, учител, лекар, поштар или таксист ќе мора да знае албански, да го зборува со секоја странка која ќе избере да комуницира со него на албански јазик.

Ваквата обврска е невозможна за примена, без да создаде тешки и скапи последици во јавниот сектор, како и во општетсвото.

Отпорот, проблемите и тензиите кон примената ќе бидат големи, што државата ја доведува во тензична и нестабилна состојба на долг рок.

СДСМ и Заев инсистираат на двојазичност и кантонизација, но никој од нив не обајснува како ќе ги реши проблемите, тензиите кои ќе следат.

Како во општина Аеродром, Каропош или Центар во Скопје, како и сите други општини во кои нема значителен број Албанци, ќе се вработат Албанци кои не се од тие општини, како ќе се покријат големите трошоци за двојазичност а општината да не остане без пари за своите редовни активности, и како да се контролира отпорот на Македонците кон тоа.

Со овој план Заев и СДСМ сакаат да добијат гласови од Албанците, но многу повеќе гласови губат од Македонците и другите кои разбираат дека губат многу од своите интереси, а се задоволуваат интереси на само една партија.

Најпосле и ДУИ и ДПА се залагаат за двојазичност и кантонизација и, во таков случај, зошто Албанците би гласале за СДСМ и Заев кога постои голема веројатност дека ќе ги измами, дека Македонците нема да му дозволат на СДСМ планот да го спроведе, а да не гласаат за своите ДПА или ДУИ кои се нивни легитимни етнички претставници.

Заев и СДСМ создадоа недоверба и тензии меѓу Македонците, но и меѓу Албанците.

Двојазичноста има своја цена, и пред некој да ви ја продаде - цената мора да се знае.