Македонија
29. November 2016 - 14:24

Урбаните средини во фокус на Ден на дрвото

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, денеска, во придружба на градоначалници од скопските општини и директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, го најави утрешниот 17. „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Традицијата на пошумување продолжува, истакни ги повика сите граѓани активно да се вклучат во акцијата. Годинава, како што рече, акцентот на засадувањето ќе биде ствен на урбаните делови од градот.

- Во Скопје ќе бидат засадени околу еден милион дрвца од кои 256.000 во урбаните делови. Од овие, пак, 10.000 - 12.000 се висококвалитетни. Притоа, дел се набавени, а дел се од расадот на ЈП „Паркови и зеленило“ обезбедени делумно. Останатиот дел ќе биде обезбедени преку ЈП „Македонски шуми“, изјави Трајановски.

Дрвцата ќе се садат по булеварите, парковите, блоковите меѓу зградите, покрај Кејот на вардар и  во делови каде што досега не биле садени вакви дрвја.

- Во секоја општина се точно определни локациите за садење. Во акцијата ќе бидат ангажирани вработените на „Паркови и зеленило“, сезонските работници од општините на Градот, а ќе се вклучат и учениците, нагласи градоначалникот и додаде дека голем број од садниците ќе бидат поделени и по домаќинствата. Оние што сакаат, треба само да се пријавата за да добијат дрвце.

ЈП „Македонски шуми“, како што рече директорот Караџоски, осма година учествува во оваа традиционална акција, од нејзиниот почеток во 2008-ма.

- За Град Скопје обезбедивме 1,5 милиони садници од кои 260.000 се за строгиот, урбан дел на градот, а остататокот се предвидени за околината, вклучувајќи ја и Обиколницата каде што беа поплавите, за поголема заштита, ифнормира Караџоски.

Според него, во рамки на годинашниот Ден на дрвото на ниво на цела Македонија ќе се засадат повеќе од 2,6 милиони садници на преку 550 хектари. 

„Македонски шуми“ обезбедува и 450.000 садници за Битола, 200.000, Тетово, 100.000, и Кичево, 100.000, кои исто така ќе бидат садени во урбаните делови на општините. - Ги одбравме овие градови токму поради повисокиот степен на загадување, но одбрани се и посебен вид дрвја со поголем степен на апсорпција, посочи директорот.

- Утре ќе биде голем ден за еко-иднината на Македонија. Да ја одржиме традицијата, напомена Кристина Николовска од Здружението на граѓани „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ која уште еднаш апелира граѓаните масовна да излезат утре и да засадат дрвце. 

Одговорајќи на новинарски прашања, Николовска рече дека резултатите од досегашните акции „Ден на дрвото“ се вонсериски, со над 60 отсто зафатеност на садниците. - Но, непроценлива е засадената свест кај младите и најмладите, кај целата популација воопшто, подвлече Николовска.

По повод Денот на дрвото, утре, 30 ноември, е неработен ден, освен за здравствените институции. Градинките треба да се со вообичаеното работно време. Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.