Ураганот Марија се движи кон Порторико и Девствените Острови
Ураганот Марија, кој веќе е од петта категорија, се движи кон Американските Девствени Острови и Порторико, откако претходно со разорна моќ го погоди малиот карипски остров Доминика, објави американскиот Национален центар за урагани.
- Се очекува Марија да остане ураган од исклучително опасна категорија - четири или пет, додека преминува покрај или преку Девствените Острови и Порторико, соопшти Центарот со седиште во Мајами.
Истовремено, и тропската бура Хосе може да нанесе штета на американското источното крајбрежје.
Гувернерот на Порторико, Рикардо Розело, каде што веќе почнаа обилни врнежи, предупреди дека Марија може да го погоди островот со таква сила и разорна моќ, како што не се видени со децении.
- Ќе изгубиме голем дел од инфраструктурата во Порторико, рече тој, додавајќи дека се очекува прекин на електричната енергија и комуникациите
Властите ги предупредија граѓаните во дрвените куќи или слаба конструкција да најдат побезбедни засолништа.
-Морате да се евакуирате, во спротивно, ќе ги загубите животите. Не знам како да ви кажам појасно, изјави Хектор Пескара, офицер за јавна безбедност на островот.
Во текот на вчерашниот ден, беше потврдено дека едно лице настрада
од последиците од ураганот Марија на францускиот остров Гвадалупе.
Пријавено е исчезнување на две лица, откако нивни брод потона кај најисточниот остров на архипелагот на француската територија Ла Дезирад, кој е под управа на Гвадалупе.
Ураганот, наречен Марија, втората силна бура која ги погоди Карибите овој месец, го погоди и јужниот брег на Гвадалупе, продолжувајќи северозападно кон Американските Девствени Острови и Порторико.
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Порторико и Американските Девствени Острови и го овласти Секретаријатот за внатрешна безбедност и Сојузната служба за итни случаи да ја координираат целата помош.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација