Свет
19. September 2017 - 16:30

Ураганот „Марија“ го „збриша“ островот Доминика

-Се  што може да се купи со пари е уништено. Вака премиерот на Доминика Рузвелт Скерит го опиша пустошот што зад себе го оствави ураганот Марија.  На својот фејсбук профил Скерит  напиша – Ве молам кажете му на светот дека Доминика е уништена . Потребна ни е меѓународна помош. Како и Ирма,  и Марија удри на малата  карипска држава  како ураган од 5 категорија.

-Згради, куќи, канцеларии. Се  е уништено, вели жителка на Доминика.

Ветерот со јачина од над 250 киломтери на час и поројните дождови ја уништија и куќата на премиерот во главниот град Розо.  Американскиот национален центар за урагани предупреди дека поројните дождови можат да предизикаат свлечишта.  Новиот ураган  се движи по речиси истата патека како и раззрната  Ирма, која на почетокот на месецов  на Карибите и на Флорида усмрти 80 луѓе.  Порторико е следна мета на МАрија.  

-Проблемот во Порторико е што електричната енергија и водата се отсечени. Енергетскиот  систем е несигурен.

- Порторико не е подготвен за ураганот.

Властите издадоа наредба за евакуација на 70 000 луѓе и подготвија 450 засолништа.