Живот
23. September 2017 - 12:03

Ураганот Харви зад себе остави гробишта на автомобили

Три седмици откако ураганот Харви го погоди Тексас, за големината на материјалната штета која ја предизвика сведочат и глетките на илјадници паркирани автомобили, кои претрпеле големи оштетувања во поплавите.

Непосредно по ударот на Харви во југоисточниот дел на САД, проценето е дека се поплавени околу милион автомобили.

Деновите на социјалните мрежи се споделуваат фотографии на кои се гледаат десетина илјадници оштетени и уништени возила на две локации во Тексас.

Поплавени коли

Како што се наведува, едната од нив, Ројал Прпл Рејсвеј е претворена во „гробишта“ за околу 40.000 поплавени автомобили.

Поплавени коли

Слична глетка е забележана и на патеката Тексас Ворлд Спидвеј, каде возилата се паркирани на сите слободни површини.