Управниот суд разгледа 19 тужби од партиите
Судечките совети во Управниот суд во текот на вчерашниот ден на јавни седници разгледале 19 од вкупно поднесените 28 тужби од партиите против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.
Разгледани се 16 тужби од ВМРО-ДПМНЕ, две од ТМРО и една од Левица. Од Судот информираат дека одлуките за 19-те разгледани тужби ќе бидат објавени во текот на денов по нивното техничко изготвување.
Најмногу тужби има поднесено ВМРО-ДПМНЕ 24, две ТМРО и по една Алијансата за Албанците и Левица.
Управниот суд денеска треба да ги разгледа и преостанатите тужби. Судечките совети на Управниот суд по овие тужби треба да се изјаснат 48 часа од нивното поднесување. По тужбите одлучуваат пет судечки совети составени од по пет судии од Управниот суд избрани со жрепка. Тужбите електронски им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници.
Во меѓувреме тече кампањата за вториот круг од изборите. Вториот круг од локалните избори е на 29 октомври.
Ново на Сител
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван