Живот
23. December 2017 - 14:09

Упорно прашував дали е ова моето бебе: Црнкиња роди бело девојче со руса коса и сини очи, еве како се случи тоа

Како и многу мајки кога Софија Блејк ја родила својата ќерка Тијара, очекувала дека девојчето ќе личи на неа. Таткото на Тијара, Кристофер Перкинс (60) е белец, но во најмала рака, мислеле дека неговото девојче ќе биде мешавина од нив двајца.

Останале шокирани кога Тијара е родена со бела кожа и руса коса.

На почетокот мислеле дека кожата и косата веројатно ќе и потемнат со текот на годините, но тоа не се случило зошто останала со еднакво светол тен како и кога се родила.

Докторите велат дека шансите за вакво нешто се неверојатни, односно еден спрема милион.

Фактот дека мајката и ќерката воопшто не изгледаат ни слично предизвика бројни проблеми, зошто луѓето не веруваат дека се во крвна врска.

Блејк исто така има уште една ќерка од првиот брак која е црна како неа.

Како што вели, сега и Тијара се прашува зошто таа се разликува.

-Кога се роди толку бев изненадена што ја праваш бабицата дали е воопшто моја. Не можев да верувам дека е толку светла со сини очи. Претходно читав за беи деца кои се родени од црни мајки, но обично имале и потемна коса, а Тијара го нема ни тоа, вели Софија.