Свет
7. December 2017 - 18:29

Упадна во американско училиште и почна да пука - има повредени, а полцијата го застрела напаѓачот

 Неколку лица се повредени, кога напаѓач отвори оган во средно училиште во американската држава Ново Мексико, во градот Азтек.

Полицијата потврди дека имало вооружен напад, по што училиштето веднаш е блокирано и евакуирано. Шејна Ривс, портпарол на градот Фармингтон информираше дека напаѓачот е „запрен“, без да прецизира дали тоа значи дека е уапсен, ликвидиран или повреден.

Не е познато дали напаѓачот е лицe од надвор или некој од вработените или учениците. Исто така, засега не е познато колкумина се повредени, ниту колку сериозни се ниувните повреди.