Фудбал
26. October 2016 - 17:06

УО на ФФМ реши: 230.000 евра награда за репрезентацијата до 21 година

 
 
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за постигнатиот успех - пласман на ЕП во Полска 2017 година. 
 
УО на ФФМ реши младите македонски фудбалери да бидат наградени со вкупно 230.000 евра.
 
„Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.