Македонија
28. January 2016 - 20:08

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид дел од Меѓународен натпревар во креирање дигитални видео игри

Престојниот викенд на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи натпревар во креирање дигитални видео игри, дел од светскиот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри што оваа година симултано ќе се одржува на 518 локации во 78 земји под името „Глобал Гаме Јам“.

Во Македонија, покрај во Охрид натпреварот ќе се одржува уште и во Битола и Скопје.

Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а на истиот ќе се натпреваруваат 40-тина учесници. Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.

Почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.