Македонија
22. November 2016 - 16:43

Уништен билбордот на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Вандали доцна синоќа во Срумица ги уништиле предизборните промотивни материјали на ВМРО ДПМНЕ и колаицијата за Подобра Македонија. Ваквиот чин беше повод и за прес конференција на кандидатот за пратеник Васил Пишев  кој директно се обрати до лидерот на опозицијата и носител на листата за пратеници на СДСМ за изборната единица 4 Зоран Заев.

,, Во Република Македонија има само едно грдо лице, тоа е лицето Зоран Заев. Тој своето грдо лице го покажа доцна синоќа кога неговите вандали и хулигани почнале да ги уништуваат предизборните промотивни политички матријали на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Еден паничен и очаен потег на еден очаен човек.  По исти урнек како хулиганите кои ги сквернавеа историските спомен обележја во Скопје, ноќеска во Струмица платени вандали го уништиле централниот банер на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски,,. рече Васил Пишев – кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијаза за подобра Македонија

Пишев побара од техничкиот министер Оливер Спасовски што побрзо да го расветли инцидентот. Тој смета дека доколку има политичка волја  откривањето на хулиганите нема да биде проблем за струмичката полиција бидејќи во близина постел безбедносен видео надзор.