Кошарка
15. March 2017 - 9:58

Уникаха и Валенсија на чекор до финалето во кошаркарскиот Еврокуп

Шпанските екипи Уникаха и Валенсија ги дели само една победа од пласман во финалето на второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување - Еврокупот. 
 
Двете шпански екипи забележаа победа во првите полуфинални натпревари одиграни синоќа. 
 
На гостувањето во Русија кошаркарите на Уникаха ја совладаа екипата на Локомотив Кубан со 73:57, додека Валенсија пред својата публика беше подобра од Хапоел Ерусалим со 83:68. 
 
Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревара. 
 
Реваншите на програмата се на 17 март, додека евентуалните мајсторки ќе се играат на 22 март.