Македонија
11. July 2015 - 13:07

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше бесплатни здравствени прегледи

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба традиционално и оваа година за време на летниот период ја реализираше акцијата за бесплатни здравствени прегледи и делење совети за заштита од топлотен удар.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба акција од ваков тип оддржува во текот на целата година, односно на секој три месеци во различно населено место. Денес акцијата се оддржува тука во населбата Ченто каде што поради високите температури покрај здравствените прегледи на присутните жители на Општина Гази Баба им поделивме шишенца со ладна вода и едукативен флаер со совети за заштита од топлотен удар – изјави Жаклина Пешевска, потпретседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба.

Здравствените лица, членки на Унијата на жени информираа дека за нив е задоволство да бидат дел од ваков тип на настани со кои работат за доброто на граѓаните.

Од изутрина до сега прегледавме над 150 лица. Им беше извршено мерење на крвниот притисок и шеќер во крвта. Им доделивме едукативен флаер со совети за заштита од топлотен удар кои ние како здравствени работници го изготвивме. На лицата на кои им се забележи повисок притисок им беше даден совет за регулирање на истиот а на оние на кои им беше забележан шеќер во крвта им беше советувано да се обратат кај матичниот лекар – изјави доктор Снежана Милковска, секретар на Унијата на жени на      ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба.

Жителите од Општина Гази Баба задоволни за ваквите акции на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дадоа масовна поддршка и за нивно понатамошно продолжување.