Свет
11. December 2017 - 8:40

УНИЦЕФ повика за поголем пристап на децата до Интернет и за гарантирана заштита

Фондот за деца при Обединетите Нации - УНИЦЕФ ги повика децата да бидат во центарот на дигиталната политика, да се прошири пристапот на младите до Интернет и да се гарантира безбедноста од опасностите, се наведува во извештајот објавен денеска.  

Во него се посочува дека младите на возраст од 14 до 25 години се најголемата интернет група во светот - 71 отсто од нив имаат онлајн пристап од 48 проценти од населението во целина.

- Интернетот е создаден од возрасните, но се повеќе го користат децата и младите. Дигиталната технологија се повеќе влијае на нивниот живот и нивната иднина, вели директорот на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.

Сепак, тој додава дека дигиталниот свет ги изложува децата на нови опасности, вклучувајќи ги и кибер-малтретирањето и злоупотребите, како и нови форми на злоупотреба и насилство.

- Затоа, грижата за нивната заштита треба да биде во согласност со новите технологии, рече Лејк.