Македонија
11. January 2017 - 16:17

Унгарија во финална битка со НВО на Сорос, повторно објавено скандалозното интервју со милијардерот

Унгарија ја почнува борбата против невладините организации финансирани од милијардерот Џорџ Сорос, отако Доналд Трамп ќе влезе во Белата куќа. Локалните медиуми ја пренесуваат изјавата на заменик-шефот на партијата на премиерот Виктор Орбан, според кој родната земја на Сорос планира да ги искористи сите средства кои и стојат на располагање со цел да спроведе чистка на невладините организации кои им служат на светските капиталисти и ја претпочитаат политичката коректност пред националните влади. Вториот човек на владејачката партија Фидес во изјава за медиумите вели дека во следниот период унгарските пратенициќе ја почнат расправата за предлог-законот со кој ќе им се дозволи на властите да ги засилат инспекциите во невладиниот сектор.

Во меѓувреме светските медиуми повторно го објавија сканадалозното интервју на Сорос кое поради контроверзните ставови на милијардерот неколкупати било бришено од интернет. На снимката тој го покажува своето вистинско лице и без никаква грижа Сорос ја раскажува соработката со нацистите против Евреите. Роден во богато еврејско семејство, за време на окупацијата на Будимпешта, 14-годишниот Џорџ Сорос со помош на големи суми пари успеал да се претстави како христијанин и заедно со својот кум од владата го конфискувале имотот на илјадници унгарски Евреи, додека тие биле пренесувани во логорите.

Крофт: Колку што разбрав, ти заедно со човекот кој се претставувал како твој кум, сте оделе низ еврејските имоти и сте конфискувале што ќе најдете?

Сорос: Да, тоа е точно.

Крофт: Да бил некој друг на ваше место, она што го правел ќе го довело до лудница и психички пореметувања… Дали беше тешко да го правите тоа?

Сорос: Не, не беше. Воопшто не беше. Можеби како дете не гледате поврзаност, но мене не ми претставуваше никаков проблем.

Крофт: Не чувствувате вина?

Сорос: Не.

Крофт: На пример: Јас сум Евреин и еве ме гледам како луѓето ги пренесуваат во логори, јас можев да бидам на нивно место. Јас требаше да бидам на нивно место. Ништо од тоа не почувствувате?

Сорос: Секако дека можеше да бидам на другата страна, но не чувствував вина за тоа што сум на таа страна. Смешно но, тоа е исто како пазарната економија-Ако не бев јас, ќе беше некој друг, вели Сорос со ладна насмевка на лицето.

Видеото покажува дека неговите практики не се променети ниту тогаш, ниту сега. Сорос го завршува интервјуто со став дека тој е Бог и признава дека голем број од членовите на неговото семејство биле параноични.