Балкан
23. February 2017 - 23:31

Унгарија ќе гради нова ограда долж границата со Србија

Долж 175 километри долгата унгарско-српска граница ќе се гради нова заштитна ограда, што ќе биде сместена зад веќе постоечката, најави на прес-кинференцијата во Будимпешта Лазар Јанош, шеф на кабинет на унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

Јанош наведе дека за таа цел се одвоени 123,5 милиони евра, јави РТС. 

-Со ова се зајакнува заштитата на границата, бидејќи тоа е неопходно поради безбедноста на граѓаните, истакна Јанош. 

Тој потенцира дека во согласност со новите измени на законите, за азилантите ќе бидат подготвени пунктови на границите, каде ќе чекаат одоговор додека не заврши процедурата за азил. 

На унгарско-српската граница кон крајот на минатата година беше изградена нова, пробна ограда, со должина од десет километри, што се стави зад постоечката ограда.