Македонија
22. February 2018 - 16:19

Унгарија дава силна поддршка на Македонија за јужната граница како бариера за илегалните мигранти

Македонските полициски службеници ги штитат границите на Република Македонија, но и на Европската унија, истакна во Скопје министерот за внатрешни работи на Унгарија Шандор пинтер. Тој со својот домакин, министерот Спасовски  разговарале за интензивирање на  соработката мегу двете полиции,  пред се во зацврстување на јужната границата за да се спречи илегалното  велгување на мигранти и терористички елементи.

Министереот Спасовски се заблагадори за помошта  која Унгарија ја даде на Македонија во  справување со мигрантскат а криза , а соработката, како што истакна,  се уште трае и се интензивира.

Унгарија како земја челнка на Европската Унија е подготвена и конкретно да и помогне на Македонија особено во делот со справување со организираниот криминал и борбата против тероризмот.