Македонија
23. September 2016 - 16:29

УМС нс ВМРО-ДПМНЕ задоволна од ставање во собраниска процедура на законот за вработување на 100-те најдобри студенти

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ изразува задоволство затоа што во собраниска процедура е законот за вработување на 100-те најдобри студенти во Македонија. Според Лука Кржаловски од унијата на млади сили на владејачката партија станува збор за проект кој излезе од трибините кои ги организираше унијата, а со цел вработување на младите во државата. 100-те најдбори студенти ќе се бираат од 5-те најдобро рангирани државни универзитети.