Македонија
3. October 2015 - 16:29

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски ја претвори општината во приватна фирма за вработување партиски луѓе

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски од општината успеа да направи приватна компанија, во која се вработени негови блиски роднини, братучеди, кумашини и пријатели на раководството на СДСМ, истакнаа од општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од Куманово. Тие обвинија дека во јавните претпријатија и општината ,се вработуваат луѓе со партиска книшка на СДСМ. Додаваат дека критериумот образование и диплома не постои, а стручноста е заменета со задолжителна роднинска поврзаност со некој од раководството на партијата.

-Сопругата на првиот братучед на Дамјановски, Билјана Дамјановска е финансовата директорка на ЈП Водовод, додека пак нејзиниот сопруг, братуде на Дамајановски, Горан Дамјановски е вработен во јавното претпријатие Пазаришта во кое работи и кумашинката на Дамјановски, МАре Костовска инаку мајка на претседателот на ОО на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски кој пак работи во Општина Куманово. Во ЈП Водовод работи братучетката на Дамјановски, Мери Јанковска, па се стигнало да се вработи и синот на фотографот во опшината Ангел Јакимовски, чија мајка инаку братучетка на сопругата на Дамјановски, Ленче Јакимовска е вработена во градинката Ангел Шајче, со што Дамјановски успеал да ја згрижи целата фамилија на Јакимовски.

Според младите од ВМРО ДПМНЕ  и актуелниот генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, како и членот на Извршниот одбор, Максим Димитриевски, вработуваат нивни блиски лица. Додаваат дека стеблото на непотизмот во Општина Куманово на вработени роднини на функционири од СДСМ е големо, и не може да стане во една прес конференција.