Балкан
9. November 2016 - 20:34

Умерен земјотрес ја погоди Црна Гора

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтерова скала ја погоди доцна попладнево Црна Гора, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 78 километри северозападно од Подгорица и 53 километри североисточно од Дубровник, на длабочина од 10 километри под површина на земјата. 

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот го почувствувале и граѓаните од јужниот дел на Хрватска, посебно во Дубровник.