Свет
23. February 2017 - 21:04

Украинскиот пратеник Хончаренко неповреден ослободен од киднаперите

Украинскиот пратеник Олексиј Хончаренко, кој беше киднапиран денеска во јужниот град Одеса, е пронајден неповреден, а киднаперите се уапсени. 

Претходно, претседателот на парламентарната група на „Блокот на Петро Порошенко“, Игор Хринив, во украинскиот Парламент изјави дека „Олексиј Хончаренко беше грабнат од непознати луѓе во Одеса среде бел ден“. 

Според соопштението на обвинителството во Одеса, „криминалата група е неутрализирана“, а киднапираниот е на безбедно место. 

Претставничката на обвинителството Ина Верба објасни дека Хончаренко бил киднапиран поради неговата политичка позиција. 

Таа не даде детални информации за мотивите на киднаперите, но додаде дека дека пратеникот бил заплашуван оти ќе му ги изгорат очите и ќе му ги скрши колената, за да страда.

ТАСС јави дека обвинителот Олег Жученко од Одеската област навел дека органите на прогонот го спречиле киднапирањето на пратеникот. 

Според Жученко, „потенцијалните киднапери“ планирале да истурат киселина врз лицето на жртвата и да му нанесат телесни повреди. 

Уапсени се четири лица, тројца киднапери и нарачателот, кој е пратеник во реонскиот совет во Одеската област сос емејно презиме Кушнаров. 

Истрагата утврди дека мотив за злосторството е „омраза кон украинскиот народ“.

Хончаренко (36) е роден во Одеса и е еден од заменик шефовите на групата на „Блокот на Петро Порошенко“ во украинскиот Парламент. Тој е познат по своите критични ставови за мноштво политички прашања.

Претходно Хончаренко беше член на Партијата на регионите и го предводеше регионалниот совет на Одеса, потсетува ТАСС.

Тој е син на поранешниот градоначланик на Одеса, Олексиј Костусев.