Македонија
24. September 2017 - 11:31

Украдени 880 илјади денари од фирма во Гевгелија

Украдени се 880.000 денари од фирма во Гевгелија, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.

Според полицијата, непознат сторител ја извршил кражбата во ДПТУ-„Ветеринар“ на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија во периодот од 19 часот завчера до 11  часот.

Крадецот ја исекол металната ограда со која бил ограден целиот објект и заштитната мрежа, по што отворил прозорец од канцеларија, влегол внатре и со погоден алат отворил метален сеф од кој одзел 6.500 евра, 2.000 долари и околу 400.000 денари во разни апоени.

Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на сторителот.