Македонија
13. October 2017 - 13:24

Украдена чанта полна со пари - тешка кражба во Гостивар

Ограбена куќа во Гостивар, крадците си заминале со добар плен. Вчера  во Полициската станица Гостивар, С.И. (51) од с.Долна Бањица, гостиварско, пријавил дека во периодот помеѓу 19.30 часот и 21.00 часот непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа.

Сторителите насилно го отвориле прозорецот од кујната, влегле внатре и од спалната одзеле женска чанта со 2500 евра, три часовници и мобилен телефон, а од друга просторија одзеле женски паричник со 100 евра, 3000 денари, златен накит, сет со верски книги и здравствена електронска картичка, по што го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.