Македонија
9. December 2017 - 13:34

Украден автомобил на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје

 Патничко моторно возило „БМВ 520“ со шведски национални ознаки е украдено синоќа на паркинг простор на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје. 

Како што информира денеска МВР, И.С.(34) го пријавил случајот во полиција синоќа во 23:40 часот. Според него, возилото е украдено во периодот од 19:45 до 23:15 часот.

Сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.500.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.