Македонија
22. February 2018 - 9:04

Укинати забраните за камиони на Стража и Маврово

Од утрово укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските превои Стража и Маврово кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег. 

На планинскиот превој Стража сообраќајот е нормализиран од 07:15 часот, а на планинскиот превој Маврово од 07:50 часот. 

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.