УЈП продава мерцедеси за 1500 евра
Управата за јавни приходи информира дека на 13 јуни ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.
На таа аукција ќе се продава државно градежно неизградено земјиште во Свети Николе за 65.000 евра, магацини во општина Чашка за 145.000 евра, мерцедеси од 1984-та, 1985-та и 1986-та година по почетна цена од 1.000 до 1.500 евра, Шевролети за истата таа сума, како и Ситроен и КИА.
– За подетални информации во врска со учеството на електронските јавни аукции/слободни комерцијални продажби на движни и недвижни ствари, преземете го документот подолу и посетете го веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk. Преку веб порталот e-aukcii.ujp.gov.mk, можете да ги видите активните аукции, да разгледувате онлајн, како и да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни работи), да се пријавите и учествувате во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.
За да учествувате на е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник на e-aukcii.ujp.gov.mk, информираат во УЈП.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација