Македонија
3. May 2017 - 11:31

УХМР со вонредна временска прогноза

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, при што денес и утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, додека во петок и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава.
 
Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура.
 
Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.