Македонија
11. јуни 2017 - 14:29

УХМР со вонредна временска најава

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невремe. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 23 степени.