Македонија
2. May 2017 - 8:49

УХМР со вонредна прогноза за утре

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 27 Гевгелија, 25 Штип, Струмица, 24 Скопје, Виница, Д. Капија, Прилеп, 23 Претор, Битола, 22 Кр. Паланка, Тетово, 21 Охрид, Ѓуриште, 20 Тополчани, 19 Берово, 18 Пожаране, 16 Лазарополе.
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот. 12 Лазарополе, 0 Берово, Кр. Паланка.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Сончево и потопло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
 
Ќе има постепено стабилизирање на времето, односно ќе биде малку до умерено облачно си слаб ветер од јужен правец. Ќе има и ветер. 
 
ВРЕМЕТО УТРЕ
 
Сончево со мала до умерена облачност и релативно топла за овој период од годината, односна за 2 до 3 степени потопло од просечната температура за овој период. Попладне со услови за краткотрајна нестабилна облачност,  преследена со пороен и грмежи, особено во планинските предели на западна и југозапад Македонија. Ќе подолжи да дува слаб доумерен ветер од јужен правец. Минималната температура од 4 до 12, а максималната од 23 до 30 степени.
 
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и и релативно топло за овој период од годината. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура до 10, максимална до 28 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Во предпладневните часови ќе преовладува малку до умерено облаччно време и релативно топло за овој период од годината, а во  попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд наместа проследен со ретки грмежи. Дневната температурата на воздухот од петок ќе биде во постепено опаѓање, но сеуште ќе има повремени локални врнежи од, освен за викендот кога се очекува извесно преодно стабилизирање на времето.