Македонија
23. May 2017 - 14:54

УХМР со вонредна најава - не очекува силно невреме со град и грмотевици

До сабота подрачјето на Македонија ќе се задржи под влијание на серија влажни воздушни бранови, па времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи.

Денес и утре ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер.

Во четврток ќе биде облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе дува засилен северен ветер.

Од утре температурата значително ќе опадне