Македонија
14. January 2017 - 17:11

УХМР со нова прогноза за времето во наредните денови

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди, на повеќе места со повремен дожд со слаб интензитет, а на планините повремен слаб снег.Претпладнето врнежите беа повеќе застапени во северните и западните делови, а околу пладне во источните и југоисточните подрачја. Попладнево има повремен локален снег во западните и источните делови на планините и повисоките места. Дуваше слаб повремено умерен претежно западен ветер, особено на повисоките места, Пелагонија и Штипскиот регион.
 
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во16 часот).
 
51 Лазарополе, 46 Маврово, 30 Пожаране, 22 Ѓуриште,Тополчани, 20 Тетово, Берово, 12 Струмица, 9 Битола, 8 Кр. Паланка, 5 Прилеп, Скопје Зајчев Рид, 4 Охрид.
 
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
 
14 Д. Капија, 12 Гевгелија, 11 Штип, 8 Виница, Битола, Прилеп, Берово, Кр. Паланка, Охрид, 7 Струмица, Скопје, Тетово, Тополчани, 6 Претор, Ѓуриште, Пожаране, 3 Маврово, 1 Лазарополе.
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.
 
2 Маврово, Лазарополе, 1 Претор, Кр. Паланка, Гевгелија, >0 Струмица, Д. Капија, Битола, Ѓуриште.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
 
Променливо облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет, а на планините и повисоките места повремен слаб снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ
 
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -13 до -4 а дневните ќе бидат во интервалот од 2 до 8 степени.
 
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Температурите од -12 до 4 степени.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник нашето подрачје постојана ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса, која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.
 
Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од средината на работната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.