Македонија
28. April 2017 - 14:04

УХМР со нова најава за времето за продолжениот празничен викенд

 
Утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Попладне и во вечерните часови можно е краткотрајно да бидат поројни и проследени со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер. 
 
Дневната температура ќе опадне за околу два степена и ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. 
 
Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата за 4 до 5 степени во споредба со утрешната и ќе се движи од 16 до 23 степени.
 
Локален дожд со услови за ретки грмежи се очекуваат и во текот на следната работна недела, кога поради јужното воздушно струење, дневните температури повторно ќе бидат во пораст.