Македонија
25. January 2017 - 17:43

УХМР со нова најава за временските прилики

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од минус десет до минус три, а дневната температура од минус четири до два степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе достигне до нула степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат во благ пораст. Претпладне по одделни котлини е можна појава на ретка магла.