Македонија
22. August 2016 - 14:44

УХМР: Силно невреме во Кочани и Крива Паланка - Погледнете каков облак доаѓа кон Скопје

Силно невреме во Кочани и Крива Паланка. Од УХМР велат дека невремето ќе потрае.
Уште една нестабилна маса се движи западно од Скопје кон скопската котлина и Гостивар.

„Во моментов појако невреме има во Кочанско и Кривопаланечко и се очекува да потрае, потоа западно од Скопје со правец на движење кон Скопската котлина и во Гостиварско.“ – велат од УХМР

Во моментов во центарот на Скопје имаме стабилно време проследено со умерен ветер. Се очекува нестабилната маса набрзо да помине и над главниот град.