Македонија
13. December 2017 - 10:24

УХМР: Се намалуваат водостоите на реките

Водостојот на Вардар на сите мерни места е над просекот за декември, но се намалува во однос на изминатите денови, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Поголем водостој од вообичаениот за овој месец има и Црн Дрим кај Ложани, а нивото на сите останати реки во Македонија е под повеќегодишниот просек за декември.

Водостоите на Охридското и Дојранското Езеро се над просекот за декември, а Преспанското е за 18 сантиметри пониско од просекот.