-->
-->
УХМР: Пороен дожд и грмежи, доаѓа страшно невреме
-->
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 41 Скопје-Зајчев Рид ,Штип, Д. Капија, Гевгелија, 39 Скопје-Петровец, Прилеп, Виница, Битола, 38 Струмица, Тополчани, 37 Тетово, 36 Ѓуриште, Крива Паланка, Охрид, 35 Берово, Претор, 34 Пожаране, 29 Маврово, Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и многу топло. Попладне имаше појава на умерена облачност и започна да дува умерен до засилен ветер, претежно од југозападен правец. Во повеќе места ветерот достигнуваше брзина од 50км/ч.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе ја намали брзината.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме. Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во јужните делови
сеуште ќе се задржи многу топло. Минимална температура од 16 до 24, а максималната од 31 до 40 степени. УВ=8. Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура до 20, максималната до 35 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во понеделник ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд. Во понеделник и вторник ќе дув аумерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за уште десетина степени. Потоа ќе има стабилизрање на времето, а температурата ќе биде во постепено покачување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање