Македонија
20. February 2017 - 11:51

УХМР: Подгответе се за нов температурен шок

Снежна покривка до изутрина (во см.): 2 Ѓуриште, Кр. Паланка, 3 Пожаране, Лазарополе, 21 Маврово.
 
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 0 Охрид, Тополчани, 1 Прилеп, Крушево, Куманово, Скопје, Д. Капија, 2 Битола, Берово, Ѓуриште, Гевгелија, Маврово, Струмица, Претор, 3 Лазарополе, 4 Дојран, 5 Пожаране, 6 Штип, 7 Тетово, 9 Кр. Паланка, 10 Виница.
 
Времето денес (20.02 2017 год.): Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието повремено умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
 
Метеоролошки параметри за Скопје: T= 8 °C, P= 986 hPa, U= 45 %, V= 4 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
 
До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево и потопло време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските температури утре на повеќе места ќе бидат негативни, а потоа под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во порас, а исто така и дневните. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.