Македонија
17. January 2017 - 16:07

УХМР најавува нови интензивни врнежи од снег од утре попладне до четврток – снежната покривка ќе се зголеми за 40 см

Македонија е зафатена од нов снежен бран. Снегот кој што паѓа на територијата на целата држава го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци.

Од ЦУК соопштуваат дека ситуацијата засега е стабилна, а граѓаните навреме ќе бидат информирани доколку има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинските превои.

Во следните два дена нашата земја ќе биде под влијание на воздушен бран од Медитеранот кој ќе донесе пообилни врнежи од снег, со што и снежната покривка ќе се зголеми за 20-30 сантиметри, велат од УХМР. 

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари, а во текот на изминатата ноќ се фрлени над 113 тони сол.

Од Град Скопје повторно апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.