Македонија
17. October 2017 - 11:19

УХМР најавува нов температурен шок од понеделник

Од почетокот на наредната недела се очекува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.

Минималната температура во понеделник ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 15 до 23 степени.

До недела времето ќе се задржи стабилно суво и топло со позитивни утрински температури Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се движат до 28 степени.