Македонија
25. November 2017 - 12:16

УХМР најавува голема промена на времето

Магловито и кочан ладно со температури под нула утринава.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Температурата во интервал од 11 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла, а од средината на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи до 12 степени.

Од УХМР информираат дека утре претпладне по котлините ќе има појава на магла, во попладневните часови во западните делови од државата ќе има врнежи од дожд. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините паѓа снег и ќе започне да дува засилен северен ветер.

Преку денот ќе биде студено и ветровито, а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните делови.

До понеделник наутро минималната температура ќе е во постепен пораст, а потоа умерено ќе опадне.