Македонија
6. April 2017 - 8:10

УХМР најавува дожд и снег

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Претпладне врнежите ќе бидат позастапени на исток, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава каде на планините и на некои повисоки места се очекува да има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди преку денот, меѓутоа ќе има услови и за врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен в долж Повардарието. Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата. Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.