Македонија
26. February 2017 - 11:42

УХМР: Еве какво време не очекува деновиве

Во наредните два дена ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура на воздухот.
 
Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец.
 
Дневната температура ќе опаддне за неколку степени. 
 
Потоа до крајот на неделата се очекува стабилно и потопло време.