-->
-->
Угостителските услуги во февруари пониски за 0,1 отсто
-->
Цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во споредба со јануари 2017 година, се намалени за 0,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата ноќевања за 0,7 проценти.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, пак, е зголемен за 0,3 проценти.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - февруари 2017 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 проценти, додека во однос на декември 2016 година е намален за 0,1 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ