-->
-->
Удрени со црево: Двајца работници на автопатот Кичево - Охрид завршија во болница со тешки повреди
-->
Вчера околу 12.30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано „Лавчани“, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од с.Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух.
Тие биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош.
Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Потребни се средства за лекување на Сашо Лазаровски
-
Не влеговме во УСС за да станеме политичари | Николовски и Ристоски од УСС | Sitel Podcast 026
-
Невреме во Словенија, снег во Хрватска, пад на температурите во БиХ
-
Невреме во Србија
-
МВР: Македонски државјанин транспортиран од Унгарија за навремена медицинска нега
-
Сотировски: Македонците се дискриминирани од Општина Тетово и Касами
-
Момче се обидело да силува 68-годишна жена во Македонска Каменица
-
Арсовска: Во оваа држава старите кабли се причина за сите пожари