Loading Video...
Фудбал
16. December 2017 - 18:32

Удинезе му го нанесе првиот пораз на Интер

  Фудбалерите на Удинезе приредија големо изненадување на стартот на 16.коло во италијанската Серија А, со победата над лидерот Интер. 

Тимот од Удине забележа победа со 3-1 на гости во Милано против Интер за кој ова беше првиот пораз сезонава во италијанската лига.  

Гостите поведоа во 14.минута со погодокот на Кевин Ласања, а само една минута подоцна (15) Мауро Икарди израмни на 1-1. 

Во вториот дел изненадувањето го најави Родриго Де Паул со голот од пенал во 61.минута, за Антонин Барак во 77-та минута да го постигне третиот гол за Удинезе. 

Со трите освоени бодови, Удинезе се проби на 11 место на табелата во групата на три екипи кои имаат по 21 бод. 

Интер останува на бод предност во однос на Наполи кој вечерва гостува кај Торино.