Ракомет
20. January 2018 - 11:06

Учителката и дечињата „полудеа“ по Кире Лазаров

Македонските ракометари денешниот тренинг го одржаа во училишната сала во Мурско Средишче. Нашите херои имаа пријатен пречек од повеќе ученици и нивната учителка.
 
Главна ѕвезда беше Кире Лазаров од кои децата, но и учителката бараа фотографија и автограми.
 
Кога пристигнаа македонските ракометари во основното училиште во Мурско Средишче, се подредија и ги поздравија сите македонски ракометари, но само еден го исчекуваа да се симне од автобусот.
 
Кога излезе Кире Лазаров – опсада! Сите сакаа да се фотографираат, на некои им даде автограм, некои побараа и селфи. На крај учителката, која дотогаш беше фотограф, си го дочека редот, па и таа застана до македонската ѕвезда.
 
„Оваа шанса еднаш се доживува, нема да ја пропуштам“, рече таа.