Македонија
30. September 2015 - 21:17

Учениците во „Арсени Јовков“ најверојатно вдишале солзавец

Ученици од скопското училиште „Арсени Јовков“ завршија на болница.

Вкупно 15 деца се затруени, од нив 11 завршија на токсикологија, едно е пуштено на домашно лекување, а три се наоѓаат во градската болница „8-Септември“.

Сите се во добра состојба, а како што соопштуваат имале иритирачка кашлица, а дел и пењече на очите. Иако не станува збор за сериозни проблеми лекарите ги преземаат сите неопходни мерки. Според првичните сознанија на лекарите, децата најверојатно вдишале некој спреј. Се претпоставува дека е солзавец.